Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најмалку 8 загинати е црниот епилог од стравичниот вооружен напад во кој маж вчера отворил оган во два салона за азиска масажа во американскиот град Атланта и во уште еден град во околината.
Полицијата соопшти дека го уапсила 21-годишниот Роберт Лонг, врз основа на снимка од видео надзорот што беше објавена на Фејсбук. Веруваме дека осомничениот Лонг е одговорен за нападите, се вели во соопштението на полицијата.
Јужнокорејското министерство за надворешни работи соопшти дека негови дипломати во Атланта добиле потврда од полицијата оти 4 убиени жени во нападите се од корејско потекло.