Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера, по барање на обвинителката Лиле Стефанова, судија на претходна постапка му определи 30 дневен притвор на бизнисменот Орце Камчев.
Вчера претпладнето Орце Камчев беше приведен откако Агенцијата за национална безбедност го вклучила алармот и го информирала обвинителството дека Камчев се подготвува да избега од Македонија.
Од Обвинителството за гонење на организиран криминал претходно информиара дека притворот го бараат во рамки на истрагата „Плацови на Водно”, во која осомничени се и поренешниот премиер Никола Груевски и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.
Адвокатот на Камчев, Тони Менкиновски оцени дека изрекувањето на притворот за Камчев е без докази. За адвокатот е спорно тоа што на Камчев додека бил утринава во полициската станица Карпош му било соопштено дека бил приведен заради изборни измами.
За Менкиновски исто така е спорен кредибилитетот на обвинителката Лиле Стефанова која го застапува обвинението за „Плацови на Водно“ затоа што како што рече, против неа има кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и поради тоа не може да ја води истрага.
Обвинителката Стефанова, ниту пред, ниту по судската одлука за притворот, не сакаше да даде изјава и да објасни зошто бизнисменот бил приведен.