„Шал“ – нова песна на Игор Џамбазов и „Нокаут“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Шал“ е насловот на новата песна на „Нокаут“ и Игор Џамбазов.

Текстот е на Игор Џамбазов, а музиката и аранжманот на Роберт Билбиловски и фронтменот на „Нокаут“, Никола Перевски-Пере. Спотот за песната е снимен во Скопје и изобилува со инсерти од главниот град, воглавно празен, со оглед на пандемијата во која живееме, но и прекрасна ноќна панорама од планината Водно.