БОГОТ на македонскиот фудбал зборува најискрено за СЕ и тоа за некои спортски медиуми не е вест!?!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес во македонската спортска јавност е актуелно интервјуто на капитенот Горан Пандев кој најискрено зборува за ситуацијата во македонскиот фудбал, но и проблемите со раководството на ФФМ.

Веднаш споменавме најактуелно, но очигледно за некои колеги тоа не е така. Интервјуто на Пандев беше објавено утрово во емисијата „Студио 10“ на „Телевизија 24“ и неколку спортски медиуми кои само од колегијалност не сакаме да ги споменуваме се уште немаат ниту една објава за ова интервју на капитенот.

Капитенот, најдобриот во историјата на македонскиот фудбал, човекот кој не однесе на Европското првенство или накратко БОГОТ на македонскиот фудбал одлучува јавно да зборува за да се подобри ситуацијата во земјава и тие ќе напоменеме СПОРТСКИ медиуми не го пренесуваат!? ЗОШТО!?

Истите тие медиуми „трчаа“ по капитенот за изјави и ексклузиви кога не однесе на ЕП, а сега кога има нешто да каже му го вртат грбот!? Како и да е зборот на Гоче е голем, па и без нивното пренесување Македонија ќе слушне што има да каже.

Но, ете нив нека им служи на чест ваквиот однос, во уредувачката политика ние не можеме да се мешаме, меѓутоа едноставно не можевме да премолчиме нешто вакво.

Овој краток текст ќе го завршиме со една стара македонска – вистината е како шило….

ИНТЕРВЈУТО НА ПАНДЕВ