Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според податоците со кои располага Институтот за јавно здравје, бројот на смртни случаи од КОВИД-19 минатата недела се намалил за 17,4%, додека бројот на излекувани се зголемил за 2,2 пати.
Во текот на минатата недела (од 1 до 7 март) направени се 21 090 тестирања за ковид-19 од кои се регистрирани 4 463 нови случаи. Тоа е зголемување за 23 проценти во однос на неделата претходно.
Процентот на позитивни на дневно ниво се движен од 13,2 до 26,7 отсто или во просек 20,9 проценти.
Најголем број од новите случаи претходната недела се од Скопје – 48,3%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 во која припаѓаат 23 проценти од новите случаи.
Понатаму, во возрасната група од 30 до 39 години биле 20,1 отсто, од 40 до 49 години биле 17,8, од 50 до 59 години биле 17,4 и од 20 до 29 години биле 14 проценти од заразените.
Најмалку заразени има во групата од 10 до 19 години – 5,2 и кај децата до 9 години – 2,3 проценти.
Во текот на минатата недела се регистрирани 57 смртни случаи од 16 града, а тоа е намалување за 17,4 проценти во споредба со неделата претходно.
Во однос на возраста, 50 лица биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50 до 59 години и по едно лице од возрасните групи 30-39 и 40-49 години.
Кога станува збор за излекуваните пациенти, нивниот број минатата недела изнесувал 3 895, што е зголемување за 2,2 пати во споредба со една недела претходно.