Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според резултатите од лабораториските истражувања кои ги направија истражувачките тимови, вакцината од Фајзер/БиоНТек успешно може да ја неутрализира новата варијанта на коронавирусот што брзо се шири во Бразил. Лабораториската студија е објавена во „New England Journal of Medicine“.
Крвта земена од луѓе на кои им била дадена вакцината, ја неутрализирала верзијата на вирусот, која ги содржела истите мутации, на многу заразната варијанта идентификувана за првпат во Бразил, тврди студијата спроведена од научници од компании и од медицинскиот Универзитет во Тексас.
Научниците велат дека неутрализирачката способност за новата мутација е речиси еднаква со ефектот на вакцината врз претходните помалку заразни верзии од вирусот.
Во претходно објавените студии, Фајзер откри дека нивната вакцина неутрализира други заразни варијанти, прво идентификувани во Велика Британија и Јужна Африка, иако мутацијата одЈужна Африка може да ги намали заштитните антитела предизвикани од вакцината.
Фајзер изјави дека верува дека сегашната вакцина сепак ќе заштити од јужноафриканската варијанта.
Сепак, производителот на лекови планира да тестира трета посилна доза од нивната вакцина, како и верзија преработена специјално за борба против варијантата, со цел подобро да биде подобар имунолошкиот одговор, пренесе Ројтерс.