Арачиново со години нема наплатено ниту денар за данок на имот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според податоците кои ги има Центарот за граѓански комуникации од спроведеното истражување, за 2017-та, 2018-та и 2019-та година Општина Арачиново воопшто не наплаќа данок на имот.

Покрај Општина Арачиново, која што воопшто не наплаќа данок на имот, прилично слаба наплата на данок има и во поголеми општини како што се Тетово и Гостивар.

Според податоците кои ги објави Центарот за граѓански комуникации, за овие три години најслаба наплата на данок имаат општините: Тетово (55%), Липково (51%), Врапчиште (46%), Желино (42%), Гостивар (40%), Центар Жупа (36%), Долнени (34%), Студеничани (32%) и Маврово и Ростуша (27%).

Додека од Општина Арачиново се правдаат дека данок на имот не се плаќа затоа што општината нема база на податоци на даночни обврзници, неколку општини можат да се пофалат со одличен процент на наплата.

Така, најдобар процент на наплата на данок на имот е забележан во општините: Македонски Брод (97%), Ѓорче Петров (97%), Велес (97%), Зрновци (96%), Чешиново-Облешево (96%), Македонска Каменица (96%), Илинден (96%), Кавадарци (95%) и Аеродром (95%).

Да потсетиме, кон крајот на минатата година, Владата на Македонија донесе одлука на Општина Арачиново да му додели неповратна помош од дури половина милион евра за општината да може да се справи со „потешкотиите“ во работењето настанати поради пандемијата на коронавирусот.