Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Утре, откако во МАНУ ќе завршат анализите на брисевите од двајцата битолчани кои пред пет дена се вратиле од Занзибар и биле позитивни на коронавирус, ќе се знае дали го донеле јужноафриканскиот сој на вирусот во Македонија.
Здравствените власти најавуваат задолжителен карантин за сите кои доаѓаат од овие држави, а не се исклучува можноста за заострување на мерките.
Едниот од сопружниците во тешка здравствена сосотјба пред два дена е префлен од Битола во струшката болница за нефрологија со актуно воспаление на бубрезите и од оваа установа утре се до МАНУ ќе испратат материјал за анализа на вирусот. Неговата сопруга пак е на болничко лекување ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Двонделените аранжмани во Занзибар агенциите ги нудат за околу 1000 евра, а за патувањето не е потребен негативен тест на вирусот. Јужноафриканската мутација ги напаѓа и оние кои го прележали стариот сој на КОВИД-19. А во Прилеп пак, каде доминира британската мутација, досега се регистрирани 8 случаи на реинфекција, од кои 4 во последните три недели. Од Центарот за јавно здравје уверуваат дека бројката не е голема поради што се уште нема доволно податоци за причините за реинфекција.
Сериозен проблем за епидемиолозите во Прилеп е криењето контакти, што е уште една причина за ширење на заразата, покрај непочитувањето на мерките и поголемата моќ на преносливост на британската мутација на вирусот.