Зелено светло за итна употреба во САД на вакцината против КОВИД-19 на „Џонсон и Џонсон“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19 доби официјално одобрение од американските регулатори за пуштање во употреба во рамки на колективната имунизација на населението преку масовно вакцинирање.

Оваа вакцина стана третиот вид вакцини достапни во САД. Одобрението пристигна еден ден откако одбор на независни експерти достави одобрение за вакцината до управата за храна и лекови.

„Џонсон и Џонсон“ соопшти дека 20 милиони дози ќе бидат испорачани во САД до крајот на март. Компанијата планира да испорача 100 милиони дози во текот на првата половина од 2021 година. Дозите можат да се чуваат во стандарден фрижидер, за разлика од исклучително ниските температури при кои мора да се чуваат другите две вакцини.

Глобалното клиничко испитување покажа дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е ефикасна со 66% при превенцијата на различни симптоми на корона вирусот. Има и 85 проценти ефективност во заштитата од потешки облици на болеста.