Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако два дена истражните органи на можеа да му влезат во трага, па сам се појави пред обвинителство да си го земе решението за домашен притвор, Сашо Мијалков тврдеше дека „го немало“ бидејќи изгорел од 40 степени температура, па се сомневал дека е позитивен на коронавирусот. Така барем се правдаше пред јавноста.
Но, прво што веднаш беше чудно, е како човек со симптоми, кој по правило треба да биде во самоизолација, лабаво си влегува во просторија полна со луѓе.
А уште почудно е што можеби Мијалков мисли дека јавноста не памети оти на средината на октомври лани беше позитивен на коронавирусот.
Тогаш две рочишта за Таргет-Тврдина беа одложени поради тоа што ексдиректорот на УБК прво имаше симптоми, а потоа беше потврдено дека е заразен со ковид-19
Односно, токму за судењето за Таргет -Тврдина, за кое очекува пресуда во петок, и поради која се шпекулираше дека очекува да биде висока и да добие голема затворска казна, беа одложени две рочишта, токму поради здравствената состојба на обвинетиот Мијалков. Односно, првично тоа беше кога неговата сопруга Александра Мијалкова беше позитивна, па тој замина во самоизолација и се тестираше на ковид-19. А вториот пат рочиштето се одложи поради тоа што и самиот Мијалков доби позитивен тест на коронавирусот. Од тие причини беше закажано за ноември лани продолжувањето на судењето.