Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последниот февруарски вторник времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје сончево со услови за слаба магла во утринските часови. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 16 степени. Маврово 13, Охрид и Берово 15, Битола 14, Крива Паланка 17, Кавадарци 18, Дојран 21.
Продолжува периодот на стабилно и потопло време. По котлините во претпладневните часови ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините. Во среда ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.