Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес, среда, 17 февруари, времето во Македонија наутро ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови.
И денеска утринските температури ќе бидат многу ниски, во делови од Пелагонија околу -20, а во останатите места од -16 до -7 Целзиусови степени.
Дневните температури ќе достигнат во Скопје 1, Маврово 2, Охрид 4, Битола -3, Крива Паланка 3, Берово и Кавадарци 2, Дојран 6 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени.