Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денешниот февруарски ден во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м2), проследени со силен ветер (над 70 км/час). На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени. Маврово 5, Охрид и Крива Паланка 9, Битола 17, Кавадарци 14, Берово 8, Дојран 15.
Поради продор на многу студена воздушна маса од север денеска попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка. Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.