Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сашо Ристовски беше разрешен од директорската функција во Театар Комедија поради неправилности во работењето. Како што информира Министерството за култура, извршен бил вонреден инспекциски надзор при што биле утврдени неправилности.
„При надзорот е утврдено дека директорот на Театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8 734 486 денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70-а, став 4 од Законот за култура“, велат од Министерството.
Посочениот член од Законот за култура предвидува дека националната установа е должна наменски да ги користи средствата добиени од Министерството за култура и да ја реализира годишната програма за работа на националната установа во рамките на обезбедените средства од Министерството за култура и од други извори.
До изборот на нов директор, заради непречено функционирање на оваа установа, за в.д. директор е назначена Нора Шаќири-Марковиќ, вработена во Театарот.