По една година во домашна изолација, Ентони Хопкинс се вакцинираше против коронавирусот и излезе од дома


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот актер сер Ентони Хопкинс ја прими првата вакцина против Ковид-19, а тоа го документираше со видео кое го објави на својот Инстаграм профил.

Актерот се пофали дека се поминало во најдобар ред, и дека одлично се чувствува. Исто така ја искористи приликата да му се заблагодари на медицинскиот персонал кој бил исклучително љубезен и професионален.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins)

Ентони, инаку, максимално водеше сметка за своето здравје и буквално една година не излезе од својот дом.

Со оглед на тоа дека тој наполни 83 години, тој спаѓа во ризичната група, па токму затоа тој реши да остане затворен дома во целосен карантин. На сметка на тоа, Хопкинс беше прилично активен на социјалните мрежи, забавувајќи ги своите обожаватели со слики, видеа, изјави и прослави преку социјалните мрежи.