Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Риалда Кадриќ, која во бивша Југославија се прослави со улогата на Марија во филмската серија „Жикина династија“, почина на 57-годишна возраст.
Како што пренесуваат српските медиуми, Риалда починала вчера вечерта во Атина, каде живееше последниве години. После улогата на Марија во „Жикина династија“, многумина предвидуваа светла актерска иднина за Кадриќ, но таа одбра живот без актерски улоги. Долго време живееше во Лондон.
Веста за нејзината смрт на Фејсбук ја објави и потврди за медиумите нејзиниот пријател Душан.
„Од нашите животи синоќа си замина Риалда Кадриќ (1963-2021), актерка и психоаналитичарка, драга другарка. Се расплакав ни јас не знам после колку време“, напиша во објавата тој.