Македонија „посегнува“ по кинеската вакцината против коронавирусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Според најавата првите количини и од фајзеровата вакцина треба да пристигнат во месец февруари и сега поинтензивно ги разгледуваме можностите за набавка на кинеската вакцина. Зошто? Фајзер е прва која ги доби потребните документи од регулаторните тела да биде во продажба, сепак не може да постигне да испорача бараните количини во сите земјите во светот, свесни сме за тоа“, истакна министерот Венко Филипче.

Иако кинеската вакцина нема добиено зелено светло од страна на ЕУ, министерот смета дека самите националните регулаторни тела и нивната позната и призната методологија на работа се сосема доволни.

„Во овој момент дефинитивно сите вакцини кои што се на пазарот се добри, проверени, развиени на безбедни платформи и нема потреба за сомнеж во ниту една вакцна, а ние остануваме отворени да ги разгледуваме буквално сите опции“, истакнува Венко Филипче.

Филипче додава дека целосно сме подготвени за пример и соодветно чување на вакцините, но кој и како ќе се одвива процесот за повикување за вакцинирање?

„Повикувањето ќе се одвива преку системот „Мој термин“. Во првата група се здравствените работници кои што работат со Ковид пациенти, понатаму вработените во лабораториите каде што се врши дијагностиката и најстарите граѓаните над 70 години кои се во ризична група согласно нивните хронични дијагнози“, додава Венко Филипче.

Во втората група за вакцинација спаѓаат и останатите здравствени работници, како и наставници, новинари согласно препораките од СЗО за приоритетни групи.

До започнувањето на вакцинацијата, лековите ивермектин и клексан се „спасот“ за граѓаните, но дали се достапни за секој?

„Клексанот навистина има голема побарувачка во овој период, има одредени моменти резервите се намалавуваат и во таа насока се прави прераспределба на операторите кои ги носат, ние бевме и сега сме во континуирана комуникација со добавувачите. Дуплирани се количните во декември, од 4.500 на 8.000 скантули и тоа ќе се случува и во овој и следните месеци“, вели Венко Филипче.

Моменталната епидемиолошка состојба е стабилна но треба да бидеме внимателни, дециден е Филипче. Моменталните мерки остануваат на сила, а во текот на оваа недела ќе се знае дали угостителските објекти ќе работат и по 21 часот.