Временска прогноза за последниот јануарски понеделник


Моабет со Борче Стаменов, креаторот на "Донирај компјутер" ↓↓↓


Денес, понеделник, 25 јануари, во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови.

Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 11 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид 10, Битола и Кавадарци 12, Крива Паланка 11, Берово 9, Дојран 10.

Утре времето ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 0 во 9 степени.