Говорот на Џеј Ло на инаугурацијата од Бајден кој расплака многумина (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На вчерашната претседателска инаугурација на Џо Бајден, латино дивата Џенифер Лопез ги изведе песните This Land Is Your Land и America the Beautiful. Покрај тоа што го скандираше стихот на нејзината песна Let’s get loud, Џеј Ло зборуваше на шпански на крајот на пеењето.

„Една неразделна нација под Бога, со слобода и правда за сите“, рече Џенифер на шпански јазик, а на Твитер многу латиноамериканци напишаа дека моментот ги расплакал.

Патем, реченицата е дел од Заклетвата на знамето на САД и се изговара на настани и во одредени образовни институции во Америка. Истата реченица ја изговори Лејди Гага во 2017 година кога пееше во финалето на Супер Боул.