Објавени платите на премиерот и министрите – еве кој колку пари зема


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонската Влада ја објави листата со исплатени плати за премиерот, замениците и министрите во декември 2020 година на премиерот. Според објавеното, најголема плата зема премиерот Зоран Заев (87.813 денари), а на второто место е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со 85.113 денари вкупна нето плата. На третото место се најде министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со 74.273 денари.

Министерката за образование и наука Мила Царовска во декември земала вкупна нето плата во износ од 67.537 денари, додека министерката за култура Ирена Стефоска 72.670 денари.

Најголем стаж од сите има министерката Шахпаска (28 години), потоа следува Радмила Шекеринска со 24 години стаж, а по неа Стефоска со 23. Премиерот има 22 години работен стаж. Царовска има вкупно 7 години стаж.

Од друга страна, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини има само една година работен стаж, додека тоа поле кај министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири е празно.

Подолу имате увид во целата табела.