Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој јануарски петок во Mакедонија носи променливо облачно време со сончеви периоди и потопло. Во северозападните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 4, а дневната од 7 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 9 степени. Маврово 5, Охрид 10, Битола и Крива Паланка 9, Берово 8, Кавадарци 12, Дојран 13,
До понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди, за време на викендот со умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер. Во сабота и недела, претежно во попладневните и вечерните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег.
Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот повторно ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места, а од вторник снег се очекува и на некои пониски места.