Повторно е сама


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендата на светското скијање која моментално важи за „најсекси пензионерка на светот“ бидејќи се пензионираше од професионалните спортски води, славната Линдзи Вон е повторно сама, без момче.

Најсексапилната пензионерка позната по нејзиниот заводлив и секси изглед одлучи да ја раскине свршувачката со Пи Кеј Сабан. Русокосата шампионка кој остави голем траг во светското скијање колку и да беше успешна на патеката толку немаше среќа во љубовта.

Линдзи и по крајот на спортската кариера сè уште не може да го пронајде вистинскиот маж.

Атрактивната Вон преку социјалните мрежи потврди дека ја завршила романсата со свршеникот Пи Кеј Сабан. Поранешната скијачка и хокејарот беа во врска цели три години, дури и се свршија но, сепак нема да прават свадба.

„Имавме навистина неверојатни моменти во последните три години: Пи Кеј е љубезен, добар човек некој кого навистина го почитувам. По многу размислувања одлучивме низ живото да одиме разделени.Засекогаш ќе бидеме пријатели и ќе се сакаме еден со друг.Ве молам да ја почитувата нашата приватност“, напиша Линдзи на социјалните мрежи.

Убавата скијачка зад себе има многу врски, што со познати спортисти како Тајгер Вудс и Луис Хамилтон, што со непознати мажи.