Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со јавна реакција и критика на причестувањето на верниците со исто лажиче за Божиќ се огласи д-р Нико Беќаровски, потенцирајќи дека тој чин носи потенцијален ризик за ширење на корона вирусот.
– Сите вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте.
Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите, напиша докторот на Фејсбук.
Тој иронично додаде дека во ваков случај подобро е да се отворат кафеаните, бидејќи таму барем даваат едно лажиче за еден гостин.