Американските медиуми го открија идентитетот на жената која вчера беше застрелана при упадот во Капитол


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американските медиуми го открија идентитетот на жената која синоќа беше застрелана при упадот на протестирачите во Конгресот во периодот кога таму се одржуваше седница за потврда на победата на Џо Бајден на американските претседателски избори.

Како што јавува New York Post жената која била застрелана е Ешли Бебит, ветеранка во Американското воено воздухопловство од Сан Диего.

Жената, пред упадот на приврзаниците во зградата на Конгресот на Твитер напишала „Ништо нам нема да не запре“, и „Бурата е овде“. Била мажена, а во Американското воено воздухопловство поминала 14 години.

Освен овие твитови, таа во текот на вчерашниот ден на својот твитер налог напишала „Ништо нема да не запре..Може да се обидат, но бурата е овде и се спушта на DC за помалку од 24 часа…темнина во светлост“.

Исто така таа направила „попис“ на она што треба да се направи пред да се состане Конгресот. Во нејзиниот „попис“ е оставка на потпретседателот Мајк Пенс и покренување на обвинение против него поради предавство.