Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од Управата за јавни приходи ја објавија листата со компании кои зеле државна финансиска помош за минимална плата за месец ноември, но не ја исплатиле на своите вработени.
Имено, претходно во саботата, директорката на УЈП Сања Лукаревска посочи дека платата за месец ноември во 2020 година не ја примиле дури 782 вработени од вкупно 245 работодавци кои користат финансиска помош.
За ноември минатата година поднесени се 13851 барања и на 13 178 работодавачи е исплатено 1.028.448.344 денари за вкупно 65 950 вработени.
За 245-те работодавачи се изготвени опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица. Во ноември 351 работодавец исплатиле плата по опомената на УЈП, информираше Лукаревска.
Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници.
Злоупотреби на државната помош за исплата на плати имаше и во месеците од вториот квартал, по што кај компаниите кои не ја исплатиле платата за април, мај и јуни 2020 година, е спроведена присилна наплата за исплата на плата.
Со состојба 3 декември 2020 година априлската плата сè уште не ја исплатиле 50 компании за 108 вработени, платата за мај не ја исплатиле 38 компании за 66 вработени, а за јуни 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број компании кои не исплатиле за еден два или три месеци е 125 и за нив се доставени податоци во ЈО за поведување кривична постапка.
Новата листа која ја објави УЈП можете да ја погледнете ТУКА.