Првиот човек на Комисијата за заразни болести позитивен на коронавирусот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски е позитивен на коронавирусот и со неговата сопруга се во домашна изолација во нивниот дом.

Министерството за здравство информира дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот ковид-19. Тој се чувствува добро и останува дома во изолација. Во изолација останува и неговата сопруга.

Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести, се вели во соопштението од Министерството за здравство.