Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа, после 23 часот, во струмичкиот трговски центар „Глобал“ изби голем пожар. Огнот најпрвин зафатил четири продавници на приземјето и се проширил кон првиот кат и пазарот.
По повеќечасовна борба, пожарот е изгаснат рано утринава, а на одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее и повремено се појавуваат мали пламени јазици. Изгорени се повеќе од десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар, јавува МИА.
Материјалната штета е голема, а за среќа нема повредени.
Според него, синоќа во гаснењето учествувале и противпожарни екипи од околните градови и возила на ЈПКД „Комуналец“.
Според очевидци, пожарот веднаш се проширил.
-Почна на почетокот од првиот дуќан и брзо се прошири. Мојот бутик е целосно изгорен и во него имаше стока од над 20 илјади евра, рече сопственик на бутик.
Местото на пожарот го обезбедува полицијата и приодот околу него е обележан со лента.
Засега не се знаат причините за пожарот, во кој е причинета голема материјална штета.