Тажна вест во првиот ден од 2021 година – почина маестро Зоран Џорлев


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На првиот ден од новата 2021 година, македонската јавност и музичка сцена ја потресе веста за смртта на виолинистот маестро Зоран Џорлев. Тажната вест на својот Фејсбук профил ја објави неговиот внук, пејачот Огнен Здравковски.

Огнен стави црна позадина како профилна фотографија, и пријатели почнаа да му изјавуваат сочувство.

За Женски магазин, Огнен ја потврди веста за загубата на вујкото. „Вујко ми си замина. Беше болен од Ковид-19, беше во болница, беше подобар, се надевавме на подобро, но денес нè напушти. Му се откачи тромб“, ни рече низ солзи Огнен.