Облачен и натпросечно топол претпоследен ден за 2020


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претпоследниот декемвриски ден (претпоследен и за 2020 година) во Македонија носи променливо облачно време со сончеви периоди и натпросечно топло.

Ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер (на места со брзина околу 80 км/час). Попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На планините врнежите ќе преминуваат во снег.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 11, а дневната од 13 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне 16 степени. Маврово 7, Охрид 12, Битола и Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 18, Дојран 17 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои на места, особено во југоисточните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, па за време на новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде се уште ќе биде пооблачно со услови за слаб дожд, а на планините за слаб снег. Во петок и сабота времето ќе биде стабилно со услови за слаба магла по одделни котлини.