Прстен за Гинис со 12.638 дијаманти


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


И кој ако не Индијците. Индиска компанија за накит влезе во Гинисовата книга за рекорди со изработка на прстен со најмногу дијаманти на светот.

Како што изјавил основачот на компанијата „ Renani Jewels“ Харшит Бансал, тој идејата за уривање на овој рекорд ја добил пред две години, додека го учел занаетот во Сурат, на западот од Индија.

Овој прстен во себе има неверојатни 12.638 дијаманти и претставува уникат. Наречен е „Кадифа“ а го нарекуваат и „Прстен на просперитетот“. Истиот тежи 165 грама.