Историја се спојува во општествени науки исто како географија – „децата не знаат да поврзуваат факти“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерката за образование и наука, Мила Царовска, излезе со изјава во врска со спојувањето на предметот историја во општествени науки, откако имаше бура од реакции на јавноста на социјалните мрежи за оваа мерка.

За Царовска нема ништо спорно во тоа, тврдејќи дека најмодерна пракса е спојувањето на предметот историја во општествни науки, исто како што биологија и хемија се интегрираат во природни.

„Основното образование е базата на образованието и затоа промените ги започнуваме токму од овде. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици“, рече Царовска на прес-конференцијата по повод 100 дена Влада.

Со реформите, за кои вчера министерката онлајн разговараше со наставници и директори, предвидено е учениците да поминуваат повеќе време во училиште, но не само за настава, туку и за други активности и курсеви како што се дополнителен спорт, дополнителни часови по кодирање, дополнителен странски јазик.

„Оваа концепција е развојна и се темели на анализа на концепции кои даваат одлични резултати. Ова им помага на учениците да учат за одредени теми, и се дава можност учениците да го постигнат својот потенцијал. Стигнавме до концепција, модел кој наликува на Финска, па оттаму доаѓаме до училиште кое ни овозможува да учиме. Нашата идеја е да создадеме млади граѓани кои се европски настроени. Нашите ученици учат многу предмети, но не знааат да ги поврзуваат. На пример, за да зборувате за озон, или за култура, мора да поврзете многу аспекти и предмети“, кажа Царовска и апелираше до учениците и наставниците да ги следат реформите и дека овој концепт детално ќе биде објаснет на јавноста.