Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Група експерти од САД, Австралија и Белгија успеаја да дешифрираат една од серијата пораки на серискиот убиец Зодијак која беше испратена до американскиот весник „Сан Франциско хроника“ во ноември 1969 година.
Пораката наречена „Код 340“ според бројот на карактери во оригиналната порака, ја прочитаа американскиот развивач на софтвер Дејвид Оранчак, белгискиот програмер Јарл ван Еике и австралискиот математичар Сем Блејк, јави БТА.
„Се надевам дека добро си поминуваш обидувајќи се да ме фатиш. ТВ-шоуто што зборуваше за мене не бев јас. Не се плашам од комората за гас, бидејќи со нејзина помош ќе бидам порано во рајот. Сега имам доволно робови да работат за мене. Додека другите нема да имаат ништо кога одат во рајот и се плашат од смрт. Не се плашам затоа што знам дека мојот нов живот ќе биде лесен по мојата небесна смрт “, гласи прочитаниот текст.
Истиот не го открива името на криминалецот.
ФБИ во Сан Франциско на својата страница на Твитер забележа дека истрагата за случајот Зодијак продолжува. Офицерите соопштија дека биле свесни за дешифрирање на криптограмот на серискиот убиец, но поради тековната истрага и сеќавањето на убиените, бирото ќе се воздржи од коментар.
„Код 340“ е вториот криптограм на Зодијакот, кој беше успешно прочитан. Првиот, со кодот 408, беше дешифриран од наставник во калифорнискиот град Салинас и неговата сопруга. Во него, криминалецот објаснил дека сакал да убива затоа што било забавно.
Зодијакот е псевдоним на серискиот убиец од Калифорнија во 60-тите години на минатиот век. Идентитетот на манијакот сè уште не е утврден. Тој им пишувал на полицијата и во весниците, фалејќи се за своите злосторства. Полицијата поврзала 5 смртни случаи со криминалецот, иако самиот Зодијак тврди дека извршил 37 убиства.