Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Градоначалничкиот кадндидат за општина Пласница од редовите на ДУИ, Алија Јахоски, прогласи победа на изборите и од пред партиското седиште порача дека ќе биде градоначалник на сите граѓани.
„Функцијата ќе ја извршувам чесно и ќе продолжам каде што застана претходниот градоначални. Благодарам на гласачите кои најдоа можност и начин, излегоа масовно, гласаа и го дадоа гласот на вистински човек, но и на тие што не гласаа. Јас ќе бидам градоначалник на сите, ќе работам 24 часа во општина Пласница“, рече Јаоски.
Најави дека „приоритет ќе биде инфраструктурата и вработувањето на граѓаните, што е можно и неможно, да ги задржиме тука за да не одат во европските држави“.
„Да им се заблагодарам на. Функцијата градоначалник ќе ја извршувам чесно. Ќе продолжам онаму каде застана претходниот градоначалник со проектите, да ги дореализирам, за овие десет месеци. Ќе бидам градоначалник за сите, ќе работам 24 часа во Општина Пласница. Во оваа општина е доста направено, а јас тоа ќе го продолжам. Приоритетот “, рече Јаоски.
Инаку, Алија Јаоски му е брат на претходниот градоначалник на Пласница, Исмаил Јаоски, кој беше избран за пратеник во Собранието.