Ravn X – најголемиот дрон на светот (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со висина од 5,4 метри, распон на крилјата од 18,2 метри и должина од 24,3 метри, Ravn X важи за најголемо беспилотно летало на светот.

„SpaceX“ доби сериозна конкуренција во освојувањето на вселената затоа што американскиот стартап „Aevum“ го претстави својот проект за беспилотно летало, кој е дизајниран да лета и да испушта ракети кои потоа праќааат мали сателити во земјината орбита.

Проектот наречен „Ravn X Autonomous Launch Vehicle“ е прв на кој нема да му биде потребна лансирна рампа за да праќа опрема во вселената. Презентацијата на проектот на Јутјуб каналот на фирмата „Aevum“ ја направи нејзиниот шеф Џеј Скајлус, пренесе „ Zimo“.

„Ravn X“ е осмислен така да може да праќа сателити на секој 180 минути во вселената, што е многу почесто од било која друга опција достапна на пазарот.

Со обликот „Ravn X“ потсетува на обичен авион и всушност и ќе лета како таковм со вообичаено полетување и слетување од писта без потреба за скапи лансирни рампи и пропратни објекти.

„Ravn X“е долг 24,3 метри и има распон на крилјата од 18,3 метри а висок е 5,4 метри. Тежи 25 тони и кога сите тие статистички бројки ќе се соберат, „Ravn X“ е всушност најголемиот дрон направен било кога.

Скајлус појаснил дека кога „Ravn X“ ќе достигне одредено место и одговарачка висина, испушта ракета која всушност носи товар од најмногу 100 килограми во ниската орбита околу Земјата. По испораката на товарот, дронот се враќа на Земјата и оди во хангар. Тоа што е најважно е дека дронот се наведено треба да извршува автоматски и автономно.