Руска манекенка го избодела до смрт сопругот – однел друга жена дома и ја терал манекенката да им готви


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лилија Судакова е руска манекенка која деновиве ја разбранува руската јавност откако, како што објави агенцијата East2West News, го избодела својот сопруг до смрт бидејќи тој донел друга жена дома.

26-годишната Лилија за ова може да заработи 15 години затвор. Убавата Русинка, велат тие, признала дека до смрт го избодела сопругот Сергеј Попов (28).

Манекенката, чија фотографија се појавила на насловната страница на руското издание на списанието Вог, наводно им рекла на истражителите дека била бесна од љубомора кога нејзиниот сопруг флертувал пред неа со друга жена што ја запознал во бар и ја донел дома.

Нејзината мајка Ирина Судакова тврди дека Лилија го нападнала сопругот во самоодбрана. Таа им открила на руските медиуми дека нејзината ќерка била жртва на семејно насилство подолго време и дека нејзиниот сопруг се обидел да ја принуди да готви за него и за жената што ја донел во станот пред кобниот настан, по што тој ја удрил и ја влечел за коса.

„Во тој момент, таа замавна кон него и случајно го прободе со нож. Ќерка ми беше многу потресена. Отпрвин мислеше дека само го расекла. Лилија беше жртва. Тоа беше во самоодбрана”, изјави за рускиот весник Космолоскаја правда жената за својот покоен зет и рече дека тој е „алкохоличар“ и „арогантен сноб“.

Лилија е обвинета за убиство и во моментов е во истражен затвор.