Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако ќе се поминат сите административни процедури, вакцината против коронавирус на„Фајзер“ од март ќе биде достапна и за граѓаните во Македонија.
Според ковакс договорот Македонија ја зема првата вакцина која ќе биде одобрена и од Светската Здравствена Организација. Македонија предвидува 833 илјади дози од вакцината што ќе покрие 20 проценти од населението, а истата е потребно да се прими во две дози. Првите дози се очекуваат во првото тримесечие јанури – март.
За професорката Грозданова и министерот Филипче носењето на вакицната ќе биде една од најголемите логистички операции. Од нејзиното пристигнување, транспорт и чување се до ординациите каде ќе се аплицира вакцината. Температурата на трнспорот ќе биде според протоколите на прозвиодителот со температура до – 70 степени.
Вакцината нема да биде задолжителна за сите граѓани. Во првата фаза ќе се вакцинираат здравствените работници, хронично болните и возрасната популација. Според Грозданова се планира и дополнителна набавка на вакцини и за останата популација.