Судијката Ефремова на денешното судско рочиште го отстрани Бојан Јовановски од судница


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На денешното судско рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, судијката Софче Ефремова Гаврилова го отстрани од судницата првообвинетиот Бојан Јовановски.

Судијката најпрвин го опомена Јовановски да запре со недоличното однесување, по што одлучи да биде изнесен од судницата.

„Ви претат дека ќе ве разрешат. Тоа ви го прават и затоа се плашите кога ќе се спомене политика. Ја кажувам вистината, нема никаква тенденција“, рече Јовановски.

По ова судијката нареди тој да биде отстранет од судницата.