Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Смртта на фудбалската икона и легенда Диего Армандо Марадона го потресе фудбалскиот свет. Еден од најдобрите играчи на сите времиња почина во својот дом и беше погребан во четвртокот во Буенос Аирес.
Телевизијата „Америка“, ја објави последната гласовна порака која Марадона ја испратил неколку часа пред смртта. Пораката му ја испратил на Марио Баудри, кој е во врска со неговата поранешна сопруга Вероника Охеда.
Марадона и Вероника беа во врска неколку години и заедно го имаат синот Диего Фернандо. Марадона беше многу приврзан со неговиот најмлад син, што го покажува неговата последна порака.
„Здраво, Марио. Овде е Диего. Знам дека ова ќе ти звучи неверојатно, но јас и Веро сме во добри односи и таа ми рече дека е со тебе. Грижи се за неа и особено грижи се за мојот ангел Диего, кого не можам да го споредувам со никого. Погледнете, имам многу деца, но поради ова мало, ќе се борам до крајот“, рекол Марадона.