Контроверзна изјава на Заев: „Бугарија не е фашистичка земја туку пријател – во време на Југославија бевме разделени“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во интервју за бугарската агенција БГНЕС, македонскиот премиер Зоран Заев, меѓу другото, изјави дека Бугарија не е фашистичка земја, туку пријател на Македонија, од која биле разделени во времето на Југославија.

Тој кажа дека веќе се сменети повеќе од 20 табли во Македонија на кои пишувало бугарски фашистички окупатор и дека за време на втората светска војна во Бугарија на почетокот постоела администрација која ги поддржувала фашистите но потоа се приклучиле на антифашистичкиот фронт.

„Да ги направиме блиски нашите народи. Долги години децении ги држеа далеку, различни власти, за време на бивша Југославија, пред бивша Југославија. Ние треба да бидеме заедно затоа што сме први соседи. Таа соработка мора да ја градиме на амбиент каде што луѓето се пријатели си подаваат рака едни со себе. Јас сум од Струмица, тоа со Петрич што сме го правеле. Знаете како, струмичани петричани на ист јазик зборуваат, толку сме блиски. И сеа тоа е македонскиот јазик или бугарскиот јазик – каков е?“ – Зоран Заев премиер на РСМ.

Заев вели дека Делчев е револуционер и за Македонците и за Бугарите. Се обиде и да го оправда претседателот Пендаровски за неговата изјава во која рече дека Софија уште живее во времето на живковизмот..

Од кабинетот на претседателот Пендаровски велат дека нема да ја коментираат изјавата на премеирот.

Во исто време во интервју за бугарска тв европратеникот Андреј Ковачев кажа дека Бугарија не го одзема правото на самоопределување на Македонците туку има само проблем со историското толкување.

„Грците на секој знак рекоа што треба да се напише, а ние сме најблиски и најбратски земји од обете страни на границата, и тие тоа го сметаа тоа за наша слабост. Не може да се зборува бугарски до пладне, а македонски попладне“ – Андреј Ковачев.