Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тенискиот рекет број на планетарно ниво, Новак Ѓоковиќ, синоќа доживеа непријатно изненадување во рамки на второто коло од групата „Токио 1970“ на Завршниот АТП турнир во Лондон, каде беше поразен од Данил Медведев со 6:3, 6:3 за еден час и 21 минута игра.
Четвртиот светски рекет ја забележа и втората максимална победа во англиската престолнина и обезбеди место во полуфиналето.
Brutal. Brilliant. Breathtaking.
Sum up @DaniilMedwed‘s performance in one word! ⬇️
📹: @TennisTV | #NittoATPFinalspic.twitter.com/68PwF3mFX4
— ATP Tour (@atptour) November 18, 2020
Ѓоковиќ одлучувачкиот меч за место во полуфиналето ќе го има в петок против Александар Зверев, а победникот ќе оди во следната фаза. Аргентинецот Диего Шварцман остана без шанси во завршницата откако загуби од Зверев.
Во втората група Тим е сигурно прв, додека Стефанос Циципас и Рафаел Надал ќе играат за учество во полуфиналните борби.