Обувка од 43.750 евра – дознајте кому му припаѓала


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Белиот свилен чевел на кралицата Марија Антоанета е продаден во недела на аукција за 43.750 евра, соопшти аукциската куќа Осенат. Чевелот е долг 22,5 цм, што одговара на денешниот број 36.

Чевелот кој бил предаден на пријателка на главната собарка на кралицата, го чувале од крајот на 18 век потомците на таа жена која починала во 1816 години.

Од аукциската куќа очекувале дека чевелот ќе се продаде за 8.000 до 10.000 евра.