Промена на времето: Временска прогноза за денешниот вторник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот ноемвриски вторник во Македонија носи променливо облачно време, наутро по котлините и вдолж Повардарието магливо. Преку денот облачноста ќе се зголемува и од попладне на запад ќе започнат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне магливо, попладне со зголемена облачност и од вечерните часови со појава на повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени. Маврово 10, Охрид, Крива Паланка и Берово 13, Битола 14, Кавадарци 16, Дојран 17.

Утре и задутре ќе преовладува облачно и врнежливо време. Врнежите ќе започнат утре кон крајот на денот од запад и ќе продолжат во текот на ноќта насекаде, а во четврток ќе престануваат на југоистокот. Овие врнежи ќе бидат пообилни во јужните делови. Од петок наутро ќе е постудено, а во сабота ќе има услови за повремен дожд, а на планините на северот од повремен снег.