Mozzart започна акција за донација на лаптопи во основни училишта – првите доделени во ООУ Невена Георгиева Дуња


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Продолжуваат хуманитарните кампањи на компанија Mozzart, која овој пат започна акција за донација на лаптоп компјутери во основни училишта, а се наменети за ученици од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на онлајн наставата во услови на Ковид-19.

Од училиштето се заблагодарија на донацијата на компјутерите кои понатаму ќе бидат доделени на учениците. „Голема благодарност од мене и од вработените во ООУ Невена Георгиева Дуња до општествено одговорната компанија Mozzart за донираните 5 лаптоп компјутери кои ќе им бидат доделени на семејства  чии деца посетуваат настава во Училиштето, а не се можност да набават компјутер за непречено да ја следат наставата. Се надевам дека нивниот пример ќе го следат и други компании кои ќе издвојат дел од своите финансии за да им помогнат на учениците. Ние вработените во училиштето уште еднаш се заблагодаруваме за прекрасниот гест.“ – изјави директорот на училиштето, Хари Стојаноски.

Од Mozzart велат дека недостигот на дигитални уреди за следење на онлајн наставата е пречка со која се соочуваат одреден број ученици во процесот на своето образование, па се надеваат дека со оваа акција ќе придонесат онаму каде што е најпотребно.

„ Се надеваме дека образовниот систем и сите вклучени страни во едукативниот процес ќе ги надминат тешкотиите за време на овој тежок период, а учениците ќе продолжат непречено во  градење на своето знаење и во овие вонредни услови. Уште од почетокот на пандемијата, компанија Mozzart постојано реализира бројни општествено одговорни активности во сите сфери и области, со цел полесно надминување на кризата и справување со предизвиците кои таа ни ги носи. Ги донираме овие компјутери во надеж дека ќе помогнеме онаму каде што е најмногу потребно, а со оваа акција продолжуваме и во наредниот период во основните училишта.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.

На доделувањето на донацијата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода – Дарио Шимиќ и Васко Илијевски – претседателот на АСОМ, асоцијацијата во која членува Mozzart.

„​​Со голема радост сакаме да соопштиме дека општинското основно училиште „Невена Георгиева-Дуња“ од Кисела Вода, од компанијата Mozzart доби донација 5 преносни компјутери (лаптопи), кои ќе бидат доставени до учениците  чии семејства не се во можност да си дозволат да потрошат средства за купување на истите. Благодарност до Mozzart во име на Општината и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.“ – изјави претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.

„Образовниот процес е право на секој ученик. Во услови на пандемија кога наставата во најголема мера се одвива онлајн, сакаме да помогнеме колку што можеме за непречено следење на наставата, а со оваа донација од нашата членка Mozzart правиме придонес во исполнување на таа цел. Ние како Асоцијација и сите наши членки остануваме посветени на општествено одговорните проекти кои нудат решенија за важни прашања во зедницата во која работиме.“ – изјави Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Инаку, компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза.  Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од оштеството.

Од Mozzart истакнаа дека продолжуваат наредниот период со донација на лаптоп компјутери во основните училишта, наменети за учениците кои не се во можност да ја следат онлајн наставата.