„Човек-птица“ – појачана верзија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога wingsuit летачите се впуштаат во нивниот лет, нивното движење досега беше устремено надолу, според капацитетите на костимот за летање кој го носат.

Австрискиот пилот со wingsuit ,Питер Салцман направи чекор понапред во оваа адреналинска дисциплина и со истиот костум успеа да полета нагоре.

Во обид да го подигне овој екстремен спорт на ново ниво, Салцман ја замисли можноста за лет во сите правци како следен чекор. Со помош на БМВ, тој дизајнира и направил додаток за костумот што ќе му овозможи да се издигнува.

Бидејќи погонот на импелерот (роторот што го дизајнирал) е електричен, овозможува двомоторниот систем да биде прикачен многу близу до телото на летачот, поточно до стомакот. Исто така, тој не е толку бучен или валкан како што би бил класичниот систем на фосилни горива.

Потребни биле три години за да се развијат импелери од 12,5 сантиметри, кои се сместени во куќиште од јаглеродни влакна и алуминиум. Секој од импелерите се врти со 25.000 вртежи во минута и има моќност од 15 киловати.

Тие се напојуваат од 50-волтна литиумска батерија, а целиот погонски систем тежи околу 12 килограми.

За својот прв лет, Салцман првично избрал три големи облакодери во Јужна Кореја, каде што планирал да направи маневар за брзо искачување. Поради пандемијата, неговите планови пропаднале.

Сепак, во неговата родна Австрија, тој нашол природна замена – планински венец наречен „Три браќа“.