Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Обожавателите на 57-годишниот актер и холивудска ѕвезда Џони Деп иницираа петиција за негово враќање во франшизата „Фантастични ѕверови“ и веќе собраа повеќе од 134.000 потписи и имаат за цел да достигнат најмалку 150.000.
Како што е познато, самиот актер потврди дека се откажува од улогата на негативецот Гелерт Гринделвалд откако го изгуби судскиот спор пред судот во Велика Британија во кој е прогласен за злоставувач. Ворнер Брос го замоли Деп да се повлече од проектот, а тој го прифати и стори тоа.
Имено, откако Џони поднесе тужба за клевета против медиумот The Sun во врска со насловот што го означи како „тепач на жени“, судијата утврдил дека Деп навистина ја тепал својата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд. Според многумина, по ваквиот исход, кариерата и угледот на херојот на „Пиратите од Карибите“ се неповратно уништени.
Фановите кои ја потпишаа гореспоменатата петиција се закануваат дека ќе го бојкотираат филмот доколку нивната омилена sвезда не се врати на проектот, но се чини дека „големите газди“ веќе имаат замена за Џони.
Според Deadline, многу е веројатно дека неговото место ќе го заземе Мадс Микелсен (54). Наградуваниот дански актер, кого го знаеме од филмовите „Казино Ројал“, „Хант“ и „Доктор Стрејнџ“ веќе започнал преговори и наскоро треба да им се придружи на колегите Еди Редмајн и Џaд Ло кои веќе го снимаат третото продолжение на „Фантастични ѕверови“.
Во меѓувреме, лутите обожаватели на Џони Деп на Твитер започнаа вистинска мала војна против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која тие ја сметаат за одговорна за неговиот пад.
– Ако ја прегазеше автобус, нека умре! Твојата мајка да беше жива, сега ќе се срамеше од твоите постапки. Олицетворение на злото во женска форма! – се само некои од пораките што и ги испратиле.