Д-р Сашко Николов е кандидат за градоначалник на Штип од СДСМ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Актуелниот пратеник од редовите на владејачката СДСМ, д-р Сашко Николов, е кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат. Оваа одлука синоќа ја донесе Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница.

„Д-р Николов во изминатите години стекна висок углед како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Целиот свој професионален и човечки ангажман Николов го посвети на непрекината, константна и професионална работа за граѓаните и нивното здравје“, се наведува во неговата куса биографија.

Досегашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, беше именуван за министер за транспрт и врски.

Предвремените избори за градоначалници во Штип и Пласница се закажани за 13 декември.