Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во рамки на димпломатските напори на официјален Берлин за приближување на ставовите на Македонија и Бугарија, денес, македонскиот премиер Зоран Заев ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел.
Заев вчера изјави дека по разговорот во Берлин има оптимизам во однос на решавање на прашањето со Бугарија, а тоа го гледа и во обраќањето на бугарската министерка за надворешни Екатерина Захариева, но и во Фејсбук статусот на премиерот на Бугарија Бојко Борисов. Во Берлин во понеделникот вечерта со Захариева се сретнаа министерот за надворешни на Македонија Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров, а состанокот беше под покровителство на германските власти, пренесува Слободна Европа.
Канцеларката Меркел вчера имаше видео-конференциски состанок со премиерот Борисов, за кој тој објави на неговиот Фејсбук профил.
„Верувам дека со помош на Германија, особено за време на нејзиното претседателство Советот на ЕУ ќе се донесат силни и правилни одлуки, напиша Борисов.
Захариева по состанокот во Берлин рече дека има напредок во однос на отворените прашања, но и покрај напредокот не може да ја одобрат рамката за преговори.
По извесниот напредок постигнат во понеделникот во Берлин на средбата на Димитров и Османи со Захариева на инцијатива на нивниот германски колега Хајко Мас, продолжуваат дипломатските напори во насока на приближување на ставовите на двете страни со цел овозможување на одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ за време на германското претседателство.