Уште еден пријатен и сончев есенски ден


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


И денес, 4 ноември, времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните подрачја ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 20 Целзиусови степени , Маврово 15, Охрид 19, Битола и Кавадарци 21, Крива Паланка 18, Берово 16, Дојран 22.

Прогнозата за утре е променливо облачно со повремен локален дожд во западните и јужните делови. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 13 до 19 степени.