Австриските медиуми тврдат: Еден од напаѓачите кои извршија терористички напади во Виена по потекло е од Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според наводите кои ги објави на Твитер познатиот австриски новинар Флориан Кленк, еден од терористите кои вчера вечерта извршија неколку паралелни напади во Виена е 20-годишно момче, родено и израснато во Виена, со албански корени, а неговите родители потекнуваат од Македонија.

„Името на терористот е Куртин С. Роден е во 2000 година во Виена и има албански корени. Неговите родители потекнуваат од Северна Македонија и се незабележителни кога станува збор за исламизмот. Терористот бил на радар за конституционална заштита, бидејќи тој бил еден од околу 90-тината австриски исламисти кои сакале да заминат во Сирија. Тој бил спречен да го стори тоа во јули годинава. Полицијата не веруваше дека планира терористички напади во Виена“, напиша Кленк.

„AlertChannel“, пак, на Твитер објави дека терористот е Албанец од Тетово во Северна Македонија.

„Според информациите, името на еден од терористите е Куртин С. Тој е роден во Виена, но е Албанец од Тетово, Северна Македонија“, пишува „AlertChannel“.