Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Силен земјотрес во Егејското море со магнитуда од 6.6 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван на неколку грчки острови и дел од Турција. Епицентарот бил во морето, 17 километри западно од провинцијата Измир.
Ситуацијата е особено сериозна во Турција каде властите стравуваат дека на голем број на жртви со оглед на тоа дека десетици објекти се урнати. Според градоначалникот на општина Измир, уништени се најмалку 20 згради.
„Добивме некои пријави. Се срушије згради особено во бајракли и борнова. Се обидуваме да добиеме информации околу тоа. Не поседуваме информации за загуба на животи. Сега сме на пат. Добивме пријава дека се срушиле 20 згради. Се обидуваме да стигнеме до Бајракли. Како што се гледа, најкритични места се Бајракли и Борнова.“ – изјави градоначалникот на провинцијата Тунч Сојер.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испрати порака со поддршка до жителите на турскиот брег на Егејското море и порача дека државата ќе им помогне на настраданите.
„Државата со сите свои ресурси е со нашите граѓани кои се погодени од земјотресот. Сите надлежни институции, министри и служби се ангажирани на теренот.“ – порача турскиот претседател.
Според грчките медиуми, од потресот било формирано мало цунами кое го поплавило пристаништето во грчкиот остров Самос.
Земјотресот, кој се почувствувал и во Атина и Истанбул, се случил на длабочина од 16 километри. По првиот голем потрес, следеле уште три со магнитуда од 4.1, 4.2 и 4.8.